Многу уметници се согласуваат дека не постои поголема инспирација од жената. Таа е непресушен извор за инспирација за многу мислители, научници, писатели и сликари.
Ова се некои од најубавит мисли за жените.
Јас го сметам денот за изгубен ако барем една жена не ми се насмевне. – Казанова
Жените не се создадени да бидат разбрани, туку да бидат сакани. – Дороти Паркер
Големо прашање на кое никој досега не одговорил, а не сум ни самиот способен да одговорам и покрај моето триесетгодишно истражување за жените. Тоа гласи: што сака жената? - Сигмунд Фројд
Жената е единственото нешто од кое се плашам а за кое знам дека нема да ме повреди. – Абрахам Линколн
Ако еден маж зборува лошо за жените, веројатно бил повреден од една жена, онаа која највеќе ја сакал – Коко Шанел
Жената е слаба само кога сака. – Јован Дучиќ
Заљубената жена не може да биде разумна. Ако е разумна, веројатно не е заљубена.
За да биде незаменлива, жената секогаш мора да биде поинаква. – Коко Шанел