Убави цитати за семејството: Во она семејство каде има љубов, сѐ може да биде простено

Не можеме да ги избираме своите браќа, сестри и родители. Со нив растеме, созреваме и од нив учиме. Тие се нашето најголемо богатство.

Ова се неколку убави цитати за семејството.

На крајот на денот, во семејството во кое има љубов, сѐ може да биде простено.

Семејството е најважната работа на светот.

Не постои ништо што може да нѐ изнервира, но и направи среќни како нашето семејство.

Кога целиот свет ќе ни сврти грб, луѓето кои ќе останат покрај нас -  тоа е нашето семејство.

Сите среќни семејства наликуваат едно на друго. Сите несреќни семејства, се несреќни на свој начин.

Што можеме да направиме за мир во светот? Да одиме дома и да го сакаме своето семејство.

Ништо подобро не може да направи таткото за своите деца, освен тоа да ја сака нивната мајка.

Домот е каде сме најсакани, а најлошо се однесуваме.

Само жената може да создаде семејство. Но, и семејството да се распадне поради неа.

Семејството е чудо на природата.

new nike air max 2019