Убава, но скапа играчка: Со добар и скап автомобил секогаш оди и добра девојка

Во денешно време со добар и скап автомобил секогаш оди и добра девојка. За скап автомобил во земјава, секако, најголемиот број од граѓаните ги сметаат новите марки на автомобили.

Но, олдтајмерите насекаде во светот претставуваат убава, но скапа играчка.Низ скопските улици можат да се видат реставрирани одлтајмери – "застава", "фиќо", "шкода" во одлична возна состојба.

- Мојата колекција се разликува во тоа што во неа се исклучиво ретро возила, застапени возила од педесеттите до седумдесетите години, љубовта кон автомобилите ја имам уште од мали години, мојот вујко имаше работилница каде се поправаа секаков вид на коли. Јас на свои 16 години почнав да го учам кај него занаетот, па оттаму ми се роди желбата за да си направам споствен колекција на олдтајмери. Поседувам "Шкодата" е од 1967, а "фиат 500" е од 1968 година.  Тие се комплетно реставрирани и донесени во одлична возна состојба, регистрирани се и ги возам - раскажува скопјанецот Бранко.

Во светото олдтајмерите се едни од најскапите и најбарани возила, кои достигнуваат цена и до 12 милиони долари, кај нас вистинската вредност на овие возила се уште доволно не се разбира. Цената на овие возила со кои располагаат скопјани достигнува од 5 до 15 илјади евра.