Уапсено 24 годишно момче на Табановце

Утринава во 02.15 часот по полноќ на Граничен премин Табановце, при пасошка контрола, поради сомение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, бил приведен А.Х.(24) од Република Албанија, информираат од МВР:

Тој на увид  приложил патна исправа на име К.А.(20) од Република Албанија. Во 03.45 часот лицето било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.