Уапсените криминалци во Драч биле членови на Беланоца - заедничка акација на Македонската полиција, Американската ДСС и безбедносните органи на Албанија

Министерството за внатрешни работи сподели детали за заедничката акција која ја спровеле со Американската дипломатска безбедносна служба (ДСС) и со безбедносните органи на Албанија, а во која во албанскиот град Драч, биле уапсени припадници на организираната криминална група „Беланоца“.

„Врз основа на информација од Македонската полиција, во Драч, Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која лишени од слобода се М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, за кои Интерпол има издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”,  „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „злосторничко здружување”, информираа од МВР.

Од таму посочија дека при лишувањето од слобода, кај лицата биле пронајдени фалсификувани лични документи, за кои постои сомнение дека ги користеле за да ја напуштат територијата на нашата држава и да ја избегнат правдата.

„Акцијата е резултат на повеќемесечна соработка на Македонската полиција, Американската дипломатска безбедносна служба (ДСС) и безбедносните органи на Р. Албанија“, налгасија од МВР