Уапсени Турци на скопскиот аеродром, сакале да летаат со фалсификувани пасоши

Вчера во 10.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, при излез од државата полицијата уапси 2 лица од Република Турција.

Како што соопштуваат од МВР, упасени се 53- годишниот И.К. и 26-годишниот С.К откако при пасошка контрола и направени проверки било констатирано дека приложиле фалсификувани пасоши.

Од МВР посочуваат дека истите биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.