Уапсени тројца крадци во Скопје, фатени на дело

На 22.04.2022 во 17.20 часот на ул.„Македонија“ полициски службеници од Полициската станица Центар ги лишија од слобода Р.Е.(26), Р.Б.(20) и А.Р.(27), сите од Скопје.

Тие биле затекнати при извршување на кривично дело „тешка кражба“ од деловен субјект. Тројцата биле приведени во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го појасниле начинот на извршување на кривичното дело, а кај нив биле пронајдени предмети поврзани со делото.

За случајот бил известен Јавен обвинител, по чии насоки по комплетно документирање на материјалот против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.