Уапсени тинејџер и малолетник, браќа од Струга - Поседувале пиштол без дозвола и без знаење на родителите

Тинејџер и малолетник, браќа од Струга, поседувале пиштол со рамка без дозвола и без знаење на родителите. 

- На 23.03.2026 во 19:45 часот во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга ги лишија од слобода Л.Р.(19) и неговиот 15-годишен брат поради пстоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, соопштија од МВР. 

При претрес во нивниот дом во Струга, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени пиштол „Dessert Lort“ калибар 9 мм и празна рамка за пиштолот, кој го поседувале без дозвола и за кој малолетникот изјавил дека родителите не биле запознаени, информираа од МВР за овој случај.