Уапсени се подметнувачите на пожарот во ресторанот во Дебар Маало

Осомничените набавиле едно шише запаллива течност. Потоа едниот осомничен чувал стража, додека другиот со течноста го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата на ресторанот и го запалил. Пожарот за многу кратко време се проширил од ресторанот до вториот кат на објектот, каде што престојувало семејството на сопственикот, извести ОЈО.

Притворени се двајца мажи кои од МВР се осомничени за кривично дело тешки дела против општата сигурност, откако е утврдено дека на 26 минатиот месец подметнале пожар и предизвикале значителна опасност по животот на еден оштетен и неговото најблиско семејство, како и поголема имотна штета на станбена куќа и ресторан во скопско Дебар Маало, извести ОЈО.

„Осомничените набавиле едно шише запаллива течност. Потоа едниот осомничен чувал стража, додека другиот со течноста го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата на ресторанот и го запалил. Пожарот за многу кратко време се проширил од ресторанот до вториот кат на објектот, каде што престојувало семејството на сопственикот. Се работи на утврдување на мотивите за извршување на кривичното дело. Ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на страв од бегство и на страв дека осомничените можат да ги сокријат трагите на кривичното дело и дека ќе ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоците, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица“ се вели во соопштението од обвинителството.