
Лишени од слобода возачи во Ресен, кичевско и Богданци кои управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената.
Како што информираат од МВР, вчера (11.11.2025) во 23:40 часот на ул.„Ј.Јосифовски“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода А.Г.(40) од с.Јанковец, ресенско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Исто така вчера во 12:22 часот на во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Б.К.(38) од с.Велешта, струшко. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час.
Ноќеска во 00:16 часот на ул.„Маршал Тито“ во Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.М.(54) од Богданци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,86 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од МВР.