Уапсени неколку скопјани кои нападнале и ограбиле едно лице

На 11.05.2022 околу 01.55 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода, ги лишиле од слобода Т.С.(21), А.С.(23), Ш.У.(22), М.М.(25) и Х.А.(23), сите од Скопје, затоа што на ул.„Димо Хаџи Димов“ физички го нападнале В.А.(22) од Скопје и му одзеле лични предмети.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.