Уапсени мортус пијани возачи од Тиквешијата: Едниот „дувнал“ 2.89, другиот 2.57 промили

Лишени од слобода возачи од демиркаписко и Кавадарци кои управувале возила со 2,89 и 2,57 промили алкохол во организмот.

Како што информираат од МВР, вчера (04.09.2025) во 14:15 часот на улица „Партизанска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода А.П.(50) од село Корешница, демиркаписко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со демиркаписки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.89 промили алкохол во крвта.

Исто така, вчера во 19:45 часот, на улица „Никола Минчев“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.Т.(50) од Кавадарци, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.57 промили алкохол во крвта.

Тие биле исклучени од сообраќај и задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.