Уапсени две лица во Центар, пуштале музика за време на седумдневната жалост

Две лица се уапсени од страна на полицијата откако не ја почитувале одлуката на Владата за седумдневната жалост.

Лицата Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје  се сомничат дека дека на 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар каде биле одговорни била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост.

Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и одговорните лица се лишени од слобода, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави во врска со чл. 387 од КЗ.