Уапсени две лица поради предизвикување пожар во Ресен и Прилеп

Полицијата вчера уапси две лица во Ресен и Прилеп поради предизвикување на пожар. И во двата случаи пожарите се предизвикани откако лицата намерно запалиле сува трева и ѓубре.

Вчера во 13.20 часот во Ресен полициски службеници од ОВР Ресен ја лишиле од слобода 60-годишната Г.М. од Ресен откако постои сомнение дека истиот ден, еден час порано во 12.35 часот кај место викано „Бараки" запалила ѓубре, но огнот се проширил и зафатил простор со сува трева. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Ресен.

Во вториот случај, во Прилеп е уапсен 51-годишниот П.К. од Прилеп на на ул. „Осоговска“ во Прилеп. Тој се сомничи дека истиот ден околу 14.30 часот на повеќе места на различни ниви во близина на Прилеп запалил сува трева, при што се запалиле и изгореле дрва, бандера сопственост на ЕВН и сува трева во непосредна близина на куќите. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп.

Од МВР информираат дека по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.