Уапсени две лица поради кражби, краделе што им дошло при рака - добиток, машини и други предмети

Вчера во 12.40 часот во с.Долно Палчиште, општина Боговиње, полцијата го уапсила 43-годишниот И.С. од с.Селце Кеч, општина Боговиње, додека подоцна во 17.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Ш.(42), исто така, од с.Селце Кеч поради извршени кражби во гостиварско.

„Тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на подрачјето на Гостивар и општина Врапчиште, каде што одзеле добиток и разни видови на работни и други машини. Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе им бидат вратени на сопствениците“.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.