
Синоќа во 23.00 часот во Скопје, полицијата ги уапсила 18-годишниот А.А. и 22-годишниот Р.А. и двајцата од с. Сингелиќ поради напад врз едно лице.
„Тие се сомничат дека околу 17.00 часот на подрачјето на Гази Баба со уште еден малолетник го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со З.А.(67) од с.Арачиново, скопско и уште едно лице, од друга страна, при што биле употребени тврди и остри предмети. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил З.А. како и Љ.И.(28) од Скопје, кој се обидел да ги раздели, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје“, велат од МВР.
Од полицијата додаваат дека бил извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.