Уапсени две лица од Виница, полицијата им пронашла марихуана

Вчера полициските службеници уапсиле две лциа од Виница во чие возило пронашле марихуана.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (03.10.2025) во 16:05 часот во с.Истибања, виничко, полициските службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода А.А.(29) и Ф.В.(19) двајцата од Виница.

При преглед на патничко возило „голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.А., а сопатник бил Ф.В., пронајдена е и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.