Во период од неколку часа полицијата од Гостивар и Тетово на 14.05.2025 во 19.30 и на 15.05.2025 во 03.00 часот уапсени се 64-годишниот Д.А. и 36-годишниот А.М. од Тетово поради возење во пијана состојба.
„При вршење увид на сообраќајна незгода со материјална штета на 14.05.2025 околу 19.30 часот на регионален пат Гостивар – с.Градец и по преземени мерки било констатирано дека Д.А. го управувал возилото „опел“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.74 промили алкохол во крвта, а притоа го нарушувал и јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Додека, при сообраќајна контрола на улица ,,Борис Кидрич“ во Тетово на 15.05.2025 во 03.00 часот, било сопрено патничко возило „мерцедес“ со хрватски национални ознаки, кое го управувал А.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.52 промили алкохол во крвта“, се вели во соопштението на полицијата.
Од МВР велат тие биле исклучени од сообраќај и биле задржани во полициска станица, додека по целосното документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.