Уапсени две лица кои украле 500 евра од картичка на маж во Битола

Маж останал без чанта и без пари. 

Полицијата од СВР Битола ги лиши од слобода М.Б.(27) и Н.П.(34), постапувајќи по пријава во 02:30 часот од страна на 46-годишен државјанин на Босна и Херцеговина, со привремен престој во Битола, според која на 15 август околу 21:30 часот од неговото возило му била одземена машка чанта со пари, документи, банкарски картички, од кои во неколку наврати биле повлечени пари, со што му била  предизвикана материјална штета во висина од 30.000 денари. 

Лицата се приведени во полициска станица, кај нив се најдени одземените предмети и вратени на пријавителот, а во координација со Јавен обвинител на лицата ќе им биде поднесен поднесок во врска со член 235 и 251 од Кривичниот законик.