Уапсени две лица кои сакале да крадат од зградата што гореше во скопски Чаир

Министерството за внатрешни работа информира дека две лица се лишени од слобода поради обид за кражба од зградата на улица „Серава“ во Скопје во која настана пожар. По документирање на случајот, дополнуваат, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пожарот што избувна вчера во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир беше целосно изгаснат. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ќе се утврдува.

Дел од медиумите објавија дека се опожарени простории кои се користеле како магацински простор од страна на фирма во кој имало големо количество пластични производи.