Уапсени двајца тинејџери од Битола - кај едниот од нив полицијата пронашла дрога

Ноќеска во 02:30 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.И.(18) и 16-годишен малолетник, двајцата од Битола.

Како што се наведува во полицискиот билтен, двајцата тинејџери биле уапсени, бидејќи при преглед кај М.И. била пронајдена марихуана.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.