Уапсени двајца скопјани за поседување марихуана, прашкаста материја и куршуми

На 18.11.2019 полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.П.(25) и В.Т.(32), двајцата од Скопје, затоа што при претрес во домот на Д.П. во населбата Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, каде бил затекнат и В.Т., биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од прашкаста материја и куршуми непознат калибар. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.