Уапсени двајца скопјани, украле, бакарни плочи со тежина од околу 200 килограми

Полицијата ноќеска 03.20 часот на паркинг простор на ул.„Гемиџиска“ во Скопје, ги лишиле од слобода С.С.(25) и М.П.(21), двајцата од Скопје, кои се сомничат дека извршиле кривично дело „тешка кражба“ во правно лице во кое биле вработени, од каде одзеле две бакарни плочи со тежина од околу 200 килограми.

Како што информира МВР, украдените предмети биле пронајдени и одземени од патничко моторно возило во кое осомничените претходно ги ставиле и ќе бидат вратени на сопственикот.

Со нив бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против нив ќе следи соодветна кривична пријава