Уапсени двајца скопјани кои ограбиле куќа во Велес

На 11.04.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.М.(22) и Л.М.(20), двајцата од Скопје, со престој во Велес.

Тие се сомничат дека извршиле кривично дело „тешка кражба“, при што одзеле повеќе предмети од двор од куќа на улица „Кресненско востание“, сопственост на Ф.А.(37) од Велес.

Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.