Уапсени двајца разбојници од Арачиново, со закани одзеле мобилен телефон

Вчера во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полицијата ги уапси 22-годишиот В.Н и 27-годишниот С.Б од Арачиново.

„Тие на 08.12.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Гази Баба со закана од М.Н.(31) од Скопје одзеле пари и мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.