Уапсени двајца млади крадци во Куманово

Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 11:05 часот ги лишиле од слобода З.А.(28) и С.М.(26), двајцата од Куманово.

Како што информират денеска од МВР, тие се сомничат дека на 11.01.2023 одзеле повеќе предмети од приватен имот на улицата „Благоја Думановски“.

Двајцата кумановци биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.