
Вчера, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Д.С.(42) и В.З.(26), двајцата од Кочани, по претходни оперативни сознанија дека се сторители на повеќе тешки кражби на подрачјето на ОВР Кочани.
По претходно издадена судска наредба, бил извршен претрес во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постојат сомненија дека потекнуваат од кривично дело „Тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе следуваат соодветни кривични пријави.