Вчера околу 12.50 часот на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, полицијата ги уапси 60-годишниот А.Т и 54-годишниот Г.И. од с. Волково. Во нивните возила, двете со скопски таблички „фиат стило“ и „фолксваген пасат“ превезувале пет лица мигранти од Мароко.
„Имено, претходно, полициските службеници ги забележале мигрантите како излегуваат од возилата и по преземени мерки возилата биле запрени, а возачите биле лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочуваат од МВР.