Уапсени двајца крадци во Кавадарци, ограбиле паркирано товарно возило и работна машина

Денеска во 00.30 часот во Кавадарци, полицијата од Кавадарци го уапсила 27-годишните Т.Б. и П.А. од Кавадарци откако извршиле кражба на товарно возило и работна машина.

„Тие биле фатени веднаш по извршување „тешка кражба“ во паркирано товарно возило и работна машина во Кавадарци, при што одзеле нафта и други предмети. Во возилото во кое се превезувале било пронајдено и одземено,а лицата биле задржани во полициска станица“, информираат од МВР.

Од полицијата посочуваат дека бил извршен увид и по целосно документирање на сучајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.