Уапсени двајца крадци во Кавадарци

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера ги лишиле од слобода П.Б.(35) и Г.Д.(36) од Кавадарци, осомничени дека на 19.07.2022 извршиле кривично дело „кражба“ од патничко возило во Кавадарци.

Како што денеска соопштија од МВР, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.