Уапсени двајца крадци, краделе од подруми во згради во Скопје

На ул.„Манапо“ во Скопје, вчера во 15.35 часот полициски службеници од Пoлициската станица Карпош лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје.

Како што информираа денеска од МВАР, тие се сомничат дека во периодот од 08.00 до 15.00 часот со употреба на сила и алат влегле во подрумски простории од згради на ул.„Манапо“ и одзеле повеќе предмети од две лица. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.