Уапсени двајца кавадарчани - во домот на едниот пронајдена дрога

При претрес во Кавадарци пронајдена била дрога и лишени од слобода биле две лица.

Од МВР информираат дека синоќа во 21:10 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.Б.(47) и М.М.(37), двајцата од Кавадарци.

При претрес во дом и помошни простории на А.Б., извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, каде бил затекнат и М.М., била пронајдена и одземена марихуана.

„Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, посочија од МВР.