
При претрес во Кичево пронајдена била дрога и лишени од слобода биле две лица.
Од МВР информираат дека вчера во 14:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција од ОВР Кичево ги лишиле од слобода А.Љ.(28) и Л.Љ.(31), двајцата од Кичево.
При претрес во нивниот дом и во деловна просторија каде работеле, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, дигитални ваги и други предмети.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, посочија од МВР.