Полицијата во текот на вчерашниот ден уапси две избегани лица од затвор Куманово.
Првото апсење го извршила полицијата од Радовиш каде од слобода бил лишен 28-годишниот Ф.Ј. од Радовиш. Тој бил баран со потерница откако избегал од Затвор Куманово на кој бил осуден на затворска казна од траење од пет години и 10 месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“, „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
Ф. Ј. имал за доиздржување две години, четири месеци и 22 дена. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.
Второто апсење исто така го извршила полицијата на Радовиш каде бил уапсен 40-годишниот Ф.Ш. од село Зрновци, , општина Зрновци. Тој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Куманово.
Ф.Ш. бил осуден на затворска казна во траење од две години и пет месеци за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, а имал за доиздржување шест месеци и 22 дена. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.