Уапсени државјани на Швајцарија и Австрија во Кичево, во нивните домови пронајдена дрога

Вчера во 15.30 и 16.15 часот во Кичево, полицијата ги уапси 58-годишниот Ј.Х.К од Швајцарија и 44-годишниот М.Р. од Австрија кои имале дозвола за привремен престој во Кичево.

Имено при претрес каде што престојувал Ј.Х.К. извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени пакувања со марихуана, саксии со растението канабис, семки од растението канабис, вага со остатоци од марихуана и други предмети.

Додека при претрес во домот во кој времено престојува М.Р., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, дробилка со остатоци од марихуана, шише исполнето со непозната течност, капсули и други предмети со остатоци од бела материја.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.