
Лишени од слобода девет лица во битолско кои организирале нелегални борби со кучиња.
Како што информираат од МВР. вчера (01.11.2025) во 23:00 часот во с.Црноец, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.Д.(49), К.С.(43), Р.Б.(48) и Б.Н.(53), четворицата од Косово, Г.С.(51), И.Ж.(41), М.Х.(43) и В.Л.(43), сите од Битола и В.М.В.(59) од Штип.
Тие биле затекнати во дворното место на М.Х. во селото, каде што организирале нелегални борби со кучиња. Притоа, пронајдено е едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
По целосно расчистување и документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 233 од Кривичниот законик – „мачење животни“, информираа од МВР.