
Двајца чешки државјани кои престојувале во Скопје, биле лишени од слобода поради сомнение дека неовластено влегле во касарната „Илинден“.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 16:30 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С. (26) и А.Х. (25).
За нив постојат основи на сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик, „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.