Уапсена жена во Чаир, нападнала вработена во маркет и извршила кражба

 

Жена ограбила маркет во Чаир. Притоа ја турнала вработената и ѝ се заканувала. 

- На 27.04.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 12:10 часот во продажен објект на подрачјето на Чаир, едно женско лице откако одзела производи, ја турнала вработената и ѝ упатила закани, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.