Уапсена жена од Турција на скопскот аеродром, со фалсификуван билет и пасош сакала да излезе од Македонија

Вчера во 14.20 на „Меѓународен аеродром Скопје“, при излез од државата полицијата ја уапсиле 32-годишната С.Д. од Турција.

Имено при контрола на нејзиниот билет било откриено дека тој е фалсификуван, а фалсификувана била и нејзината белгиска патна исправа соопштуваат од МВР.

Таа била задржана во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.