
Полициски службеници од ОВР Гевгелија ја лишиле од слобода 45-годишната М.П. од Богданци, која е осомничена дека украла мобилен телефон од вработена во ЈЗУ „Општа болница“ – Гевгелија.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кражбата се случила на 17 јули околу 10 часот во просторија на болницата. Осомничената била приведена истиот ден во 16:10 часот.
Во службен разговор таа го признала делото, по што од неа бил одземен украдениот мобилен телефон, кој ќе биде вратен на сопственичката.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гевгелија, а по целосно документирање на настанот, против осомничената ќе биде поднесена кривична пријава.