
Синоќа во 22:35 часот, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Р.Ј.Н.(46) со престој во Радовиш, се наведува во полицискиот билтен.
Според пријавеното, таа во куќата во која престојува во Радовиш физички ја нападнала нејзината 72-годишна мајка.
46-годишната радовишанка била задржана во Полициската станица Радовиш, за настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.