Уапсена млада скопјанка, полицијата ја фати со ќеси марихуана

Вчера во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода В.К.(22) од Скопје. При претрес во нејзиниот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана и еден куршум, информираа од полицијата. 

По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик.