Уапсена девојка во Скопје - полицајците откриле дека поседува прашкаста материја

Битолчанка била уапсена во Скопје откако кај неа била пронајдена дрога.

-Вчера во 14:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ ја лишиле од слобода 27-годишната С.О. од Битола, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок - информира МВР.