
Синоќа во 23:10 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 71-годишна жителка на селото.
Од МВР информираат дека 71-годишната жена била уапсена постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:00 часот во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 43-годишна снаа.
„Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“, посочија од МВР.