Уапсена 45-годишна жена во мавровско која била барана со потерница - требала да одлежи пет и пол години казна затвор

Лишена од слобода жена од село Скудриње која била барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци.

Од МВР информираат дека вчера во 09:00 часот, во село Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ПО Ростуше ја лишиле од слобода А.А.(45) од Скудриње, врз основа на потерница по судска наредба за издржување казна затвор во траење од пет години и шест месеци, за сторено кривично дело по член 190 и член 45 од Кривичниот законик.

„Таа е спроведена во казнено- поправна установа за издржување на казната“, додаваат од МВР.