
Ноќеска во 00:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 44-годишната М.П. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.04.2026 околу 19:30 часот на подрачјето на Карпош упатувала закани на нејзиниот 64-годишен поранешен сопруг и нивните деца.
Од МВР посочуваат дека според пријавеното, тој ѝ во изминатиот период трпел психичко и физичко насилство.
„При извршен преглед кај неа била пронајдена и одземена бела прашкаста материја“, додаваат од МВР.