Уапсен жител на Порој за убиство, делото го извршил пред речиси 11 години

Вчера во 16.30 часот од страна на полицијата бил уапсен 41-годишниот Ш.Ш од село Порој поради сомнеж дека извршил убиство

Осомничениот се сомничил дека делото го извршил на 12.10.2013 на регионалниот пат од с.Пирок кон с. Жеровјане. По наредба на Основен суд Тетово извршен е претрес во домот на Ш.Ш.. Против лицето е поднесена кривична пријава, при што од страна на Основен суд Тетово му е изречена мерка притвор од 30 дена.