Уапсен заменик-директор во Царина поради барање мито од над 15.000 евра - се обидел да ѝ побегне на полицијата

Џевер Имери, вработен во Царинската управа како заменик-директор на Секторот за администрација, е уапсен откако побарал мито од над 15 илјади евра поврзано со тендер во Царинската управа, дознава порталот „Курир“.

Според информациите на порталот, МВР преку Бирото за јавна безбедност обезбедило обележани парични средства кои му биле предадени на осомничениот. По преземањето на парите, Имери не застанал на полициските наредби и се дал во бегство.

По преземените мерки и активности, полициските службеници го фатиле и го лишиле од слобода.