Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес - ќе одговара кривично

Денеска полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишиле од слобода М.Ш.(39) од село Челопек-Тетово, кој на 2. август околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи, информираа од МВР.

Оттаму посочија дека по документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување возило“ и ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта“, порачаа од МВР.