Уапсен возачот кој вчера прегази пешак во центарот на Скопје

Уапсен возачот кој вчера удри пешак во центарот на Скопје.

- Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А.(48) од Скопје, удрило во пешакот К.К.(65) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, известија од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а П.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.